| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Кисела Вода одвои средства за Гази Баба и за санирање на штетите од поплавите

kisela voda

Советот на Општина Кисела Вода на вонредна седница денеска донесе одлука за доделување помош од 600.000 денари на Општина Гази Баба, како најпогодено подрачје од поплавите.

Локалната самоуправа издвои 2.000.000 денари за санирање на последиците на материјалната штета која ја имаат најпогодените жители на општина Кисела Вода. Средствата ќе бидат исплатени врз основа на категоризацијата на штетата, евидентирана во направените записници од страна на Комисиите за проценка на штетите кои се сочинети од по тројца вработени во општината и по двајца советници и од позицијата и од опозицијата.

Во општината се спроведува хуманитарна собирна акција во сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, кои работат со продолжено работно време, од  06:30 до 22 часот. На овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности веќе донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top