| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов го зголеми бројот на ангажирани припадници на АРМ

На барање на граѓаните од подрачјата зафатени со невремето, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов, донесе одлука да ангажира дополнителен број припадници на Армијата на Република Република Македонија, со цел да помогнат во санирањето на последиците и штетите од катастрофалното невреме и да ја дадат потребната помош на локалното население.

Како што соопшти кабинетот на Иванов, претседателот веднаш по големото невреме, кое во саботата навечер ја зафати Република Македонија, а особено скопскиот регион, ја задолжи АРМ да ги стави на располагање сите капацитети што се на располагање за помош во санирање на штетите предизвикани од невремето.

Војската е активно вклучена на терен со сите ресурси, со цел ублажување на последиците во најпогодените подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top