| четврток, 6 декември 2018 |

Сојузот на глуви се вклучи во акцијата за помош на жртвите во невремето во Скопје

1logo_gluvi

Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија (НСГНМ) се вклучи во акцијата на Црвениот крст за донирање парични средства и хуманитарна помош за настраданите во невремето што викендот се случи во Скопје.

Претседателот на здружението Васко Марков на денешната прес-конференција рече дека во овие моменти, пред сѐ, мораме да бидеме истрајни и хумани, како што сме покажале многу пати досега и сме учествувале со помош и поддршка на секој кој имал потреба.

– Националниот сојуз на глуви и наглуви изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во невремето што викендот се случи во Скопје. Глувите лица се хумани луѓе и ги повикувам сите наши членови што помасовно да се вклучат со донации на ќебиња, храна, вода за пиење, пелени и кој што може и има во рамки на можностите – рече Марков.

Изразувајжи сочувство, истакна дека денес помошта е потребна на овие луѓе, а утре може да му биде потребна на кого било од нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top