| четврток, 6 декември 2018 |

Фавелите го донесоа првото злато за Бразил, џудистката Силва ја израдува нацијата

rafaela silva

Бразил денеска ја слави Рафаела Силва, џудистката која го донесе првото злато на земјата-домаќин на овие Олимписки игри. За приказната да биде комплетна, 24-годишната Рафаела е израсната во фавелите во Рио де Жанеиро, па таа денеска е хероина на својата татковина.

– Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Луѓето што ме познаваат знаат дека јас не сакам да тренирам. Сепак, мислам дека никој не тренираше повеќе од мене во овој олимписи циклус. Напорната работа даде резултат – гордо изјави Силва по победата во финалето над Сумија Дорјсурен од Монголија во категоријата до 57 килограми.

Рафаела Силва учествуваше и на ОИ во Лондон, каде што беше дисквалификувана во раната фаза од натпреварувањето. Сепак, таа продолжи со напорна работа, во 2013 година стана светска шампионка во својата категорија, за вечерва да го достигне врвот на кариерата со олимписката круна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top