| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепт на Адријана Лима: Смуди со авокадо

Бразилската супермоделка Адријана Лима откри дека дел од тајната за нејзиното вито тело, рамен стомак и здрав изглед се крие во смудито на база на авокадо кое таа редовно го пие наутро.

Здравиот напиток што таа го предлага се состои од само три состојки – ½ авокадо, мед и 1 чаша вода.

Се подготвува многу едноставно – во блендер се става ладна вода и половина излупено авокадо, се меша, па потоа се додава мед по вкус, па се бленда уште неколку десетина секунди.

Ако сакате смудито да има повеќе протеини, наместо вода додадете млеко или јогурт. Се препорачува употреба на органски состојки. Ова смуди го забрзува метаболизмот, дава енергија и може да ве засити барем два часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top