Не се чисти организмот од килограмите нездрава храна и литри сокови и пијалок со едно смуди.
Се чити со црн дроб, кој е природен центар за детоксикација и прочистување на организмот. Тука се, се разбира и бубрезите, кои одлично ја завршуваат својата работа во здрав организам, па и кожата која има природна способност да се одбрани од токсини.
Во проданиците, на секој чекор се продаваат производи со натпис „детоксикација“.
Научниците од Велика Британија во 2009 година решиле да се занимаваат со оваа тема и повикале 15 произведувачи и побарале од нив какви било научни докази дека нивните производи навистина се борат против токсините. Но, не добиле одговор од ниту еден. Слично е и со зачините за кои не убедуваат дека ако ги користиме, тие едноставно ќе ни ги стопат килограмите, што исто така е уште еден мит.
Според стручните лица детоксикацијата за здравиот организам е беспотребна, бидејќи телото има систем за исфрлање на она што е непотребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.