| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото го пронашол телото на 12-годишниот Иван

Единаесетгодишното момче од Стајковци, кое вчера беше пријавено за исчезнато по саботното невреме, е пронајдено починато.

Од СВР Скопје за „Република“ известуваат дека се работи за 12-годишно момче за кое вчера неговиот татко И.Г. пријавил дека исчезнало во саботата навечер, 6 август, околу 22 часот. Момчето било на трактор заедно со неговиот дедо, во моментот на временските околност голем воден бран го превртел тракторот и го повлекол момчето кон местото Попово маало, од каде што му се загубила секаква трага.

Вчеравчер, во 20.40 часот, таткото го пронашол телото на момчето на последната станица на линијата 65 во Сингелиќ.

Јавен обвинител извршил увид на самото место, по што телото е предадено на фамилијата за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top