Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, наместа поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 22 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
В среда и в четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.