| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Работиме на пробивање на патната инфраструктура

тони3

Тони Трајковски, градоначалник на една од најпогодените општини од големото невреме во Скопје, Гази Баба гостуваше во отвореното Студио на ТВ Нова. Притоа Трајковски објасни кои се приоритетите во санирањето на штетите од големите поплави.

-Во моментот работиме на пробивање на патната инфраструктура, да можеме да обезбедиме пристап до секоја куќа. На терен е механизација којашто работи на тоа. Воедно, ангажираме на голема количина на пумпи, на вакуум-цистерни- изјави Трајковски.

-Главен приоритет е да се добие струја за граѓаните, а за дел од граѓаните обезбедивме и сместување, за оние коишто не можат да бидат во своите домови- додаде Трајковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top