Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани да се приклучат во хуманитарната акција за помош на населението кое претрпе штети во големото невреме што го зафати Скопје во саботата.
За таа цел, отворени се вратите на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода. Од 06:30 до 22 часот, на овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности, ќе можат да донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.