| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозни кругови по телото на Мајкл Фелпс

На телото на повеќето американски спортисти на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио де Женеиро се гледаат мистериозни црвени кругови, а најголемо внимание привлече влера најдобриот пливач на сите времиња, Мајкл Фелпс.

Фелсп како дел од штафетата 4 пати по 100 метри слободно го освои 19 златен медал на Игрите, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од неговото тело на кое се гледаат неколку црвени кругови.

160808050.5_mn

Станува збор за хаџама – медицински метод на локално пуштање крв. Се изведува со засекување на кожата и преку вакуум се елиминира „отпадот на крвта“ и на тој начин се елиминира болката од одредени делови на телото.

Освен Фелпс и други американски пливачи и многу гимнастичари го користат овој метод.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top