Меѓу 21 лице загинати во поплавите во Скопје и Скопско се и шесте лица кои беа пријавени за исчезнати, информираат од МВР.
Лицата биле пронајдени во текот на вчерашниот ден и истите се идентификувани. Оттаму информираат дека нема нови пријави за исчезнати лица.
Полицијата и Армијата со брзата интервенција спасија над 1.000 граѓани по силното невреме, од кои голем дел во животозагрозувачка состојба.
Теренот се пребаруваше и вчера на копно и со хеликоптери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


