| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко: Живи запалени 52 тинејџери

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) по казна живи изгореле 52 тинејџери во ирачкиот град Хавиџа, кој се наоѓа на околу 50 километри западно од Киркук, јави телевизијата Ал Арабија.

Според истиот извор, злосторството било извршено синоќа.

Како што јави ТАСС, тинејџерите биле обвинети дека ги поттикнувале своите семејства да побегнат од Хавиџа, кој е под контрола на ИД.

Под истото обвинение, четворица други тинејџери биле јавно стрелани во центарот на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top