Вчера во 12.35 часот Командирот на смена во Затворот во Штип во полициската станица во Штип, пријавил физички напад над С.М. од Скопје од страна на повеќе осуденици, кои му нанеле видливи повреди.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија меѓу лицата С.М. и Б.И. од Кочани, С.М. физички го нападнал Б.И. Тој им се пожалил на Т.П. од Свети Николе и С.Г. од Скопје, двајцата затвореници во КПУ-Затвор Штип, кои го нападнале С.М., удирајќи го со тупаници и со клоци во пределот на главата и телото, при што му нанеле видливи повреди, контузија на нос и на носна коска.
С.М. бил пренесен во Клиничка болница Штип, заради санирање на повредите.
Извршен бил увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.