| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан возач ја урна царинската барака на граница (ФОТО)

Необична сообраќајна несреќа се случи денеска во раните утрински часови на граничниот премин Вињани Доњи – Горица, меѓу Хрватска и БиХ, кога во 4.20 часот возач загубил контрола врз автомобилот и со полна сила се забил во царинската контролна куќичка, пренесува „Слободна Далмација“

Пред тоа ја скршил рампата и заштитната железна ограда, која се наоѓала на околу десет метри. Ја превртел куќичката во која тој момент се наоѓал царински службеник на должност, кој е полесно повреден.

На возачот, кој, исто така, е полесно повреден, му се измерени два промила алкохол во крвта.

Тој бил уапсен по несреќата и бил пренесен во полициската станица, а потоа ќе му следува пријава во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top