| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА го скрати списокот, Шкендија ги доби шестте можни противници

skendija

УЕФА утрово воочи ждрепката за плеј-офот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа направи скратен избор на групи, па познати се можните противници на тетовска Шкендија во ждрепката во 13.00 часот.

Шкендија не е носител и ќе добие звучно име, па една од овие шест екипи ќе игра двомеч со македонскиот претставник на 18 и 25 август.

Шахтјор Доњецк, Спарта Прага, Макаби Тел Авив, Гент, Сасуоло и Карабах се можните противници. Украинците, кои своите мечеви ги играат во Лвов се сигурно најтешкиот противник, додека најприфатливиот е казахстанскиот Карабах, каде настапува нашиот интернационалец Муарем Муарем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top