| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган двапати избегнал сигурна смрт за време на пучот

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган во два навратa успеал да ја избегне смртта ноќта за време на обидот за пуч, пишува весникот Јени Сафак.

Првиот пат Ердоган го напуштил летувалиштето во Мармарис неколку минути пред специјалците да го почнат нападот на хотелот во кој престојувал. Пучистите, наводно, поставиле бомба во летувалиштето, изјавил подоцна Ердоган, а цел на напад бил и премиерот на Турција Бинали Јaлaерaм.

Вториот пат, успеал да ја измами смртта за време на летот кон Истанбул. Авионот Ф-16, кој го управувал пилот од пучистите и кој го имал на нишан авионот на Ердоган, но морал да ја промени маршрутата затоа што му снемувало гориво. Ова му го спасило животот на претседателот Ердоган, пишува весникот. Причината поради која авионот не ја исполнил мисијата не беше познат долго време по обидот за пуч.

Обидот за државен удар се случи ноќта меѓу 15 и 16 јули. Таа ноќ беа убиени речиси 250 луѓе, а повеќе од 2.000 беа повредени. Во деновите потоа следуваа апсења на илјадници луѓе вмешани во заговорот против режимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top