| четврток, 6 декември 2018 |

Пет спортисти кои освојуваа медали и на ЛОИ и на ЗОИ!

Многу спортисти станале херои на своите нации за време на одржување на Олимписките игри. Малкумина знаат дека има спортисти кои подеднакво биле успешни како на Зимските, така и на Летните ОИ.

1.Еди Иган (САД) – бокс и боб

Американецот е единствен спортист во историјата кој освојувал златни медали и на Зимските и на Летните олимписки игри. Бил шампион во 1920 година во Антверпен во лесна категорија, а 1032 бил прв во боб-санкање.

2.Јакоб Тулин Тамс (Норвешка) спортско едрење и ски-скокови

Освојувач на најсјајниот медал во ски-скокови во Шамони се закити се сребро на Игрите во Берлин 1936 година.

3.Криста Лудинг-Роттенбургер (Германија) – велосипедизам и брзо лизгање

Своевремено беше гордост на Западна Германија, освои две олимписки злата во брзо лизгање во Сараево 1984 година и Калгари 1988 година. Направи голем подвиг кога во 1988 во Сеул освои сребро во спринт.

4. Карла Хјуз (Канада) – велосипедизам и брзо лизгање

Жетвата на медали ја почнува 1996 во Атлантта со две бронзи во велосипедизам. Во Солт Лејк Сити исто така освојува бронза, а четири години подоцна освојува злато на 5.000 метри, а во штафетата доаѓа до среброто. Во Ванкувер на ЗОИ 2010 освојува бронза на 5.000 метри брзо лизгање.

5. Лорин Вилијамс (САД) – спринт и боб

Дамата со потекло од Тринидад е сопственичка на две медали од ЛОИ во 2004 година – беше сребрена на 100 метри, а до златото истрчува во Лондон во штефетата. Во Сочи на ЗОИ освојува сребро во боб-двосед.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top