Пожар избувна дoцна попладнево на висорамнината Витачево, Кавадаречко.
Како што соопшти Петко Ристовски од Подружницата на ЈП „Македонски шуми”, горат трева и нискостеблеста шума, а пожарот се проширува од месноста Моклиште кон Витачево.
– Засега не може да се каже колкава површина е зафатена и колкави се штетите. На терен се моментно осум дежурни од подружницата „Бор” и четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информира Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.