Клинт Иствуд, легендарниот американски актер и режисер изјави дека живееме во „тажни времиња“ и дека меѓу Доналд Трам и Хилари Клинтон на крај ќе го избере Трамп.
Иствуд (83) е закоравен републиканец и сиве овие години без влакно на јазикот ги коментираше изборите, дури и учестуваше во некои од кампањите. Но ова година долго молчеше, па се нагаѓаше дека Трамп не му е баш по мерка.
– Хилари или Трамп, е тоа е тешко прашање. Но, кога се заедно ќе се собере и одземе, мојот глас оди за Трамп. Хилари рече дека ќе ја следи политиката на Обама, а веќе знаете што мислам за тоа – изјави популарниот Валкан Хари.
Според него, и двајцата кандидати зборуваат глупости во последните месеци.
– Но, Трамп има нешто, тој го кажува она што го мисли, иако некогаш тоа се глупости. Но, реално, на сите им е доста од политичка коректност и ’улизување’. Сите „одат по јајца“. Живееме во генерација на пи*** – рече Иствуд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст