| четврток, 6 декември 2018 |

Клинт Иствуд избра страна на американските избори: Ова е генерација на …

Клинт Иствуд, легендарниот американски актер и режисер изјави дека живееме во „тажни времиња“ и дека меѓу Доналд Трам и Хилари Клинтон на крај ќе го избере Трамп.

Иствуд (83) е закоравен републиканец и сиве овие години без влакно на јазикот ги коментираше изборите, дури и учестуваше во некои од кампањите. Но ова година долго молчеше, па се нагаѓаше дека Трамп не му е баш по мерка.

– Хилари или Трамп, е тоа е тешко прашање. Но, кога се заедно ќе се собере и одземе, мојот глас оди за Трамп. Хилари рече дека ќе ја следи политиката на Обама, а веќе знаете што мислам за тоа – изјави популарниот Валкан Хари.

Според него, и двајцата кандидати зборуваат глупости во последните месеци.

– Но, Трамп има нешто, тој го кажува она што го мисли, иако некогаш тоа се глупости. Но, реално, на сите им е доста од политичка коректност и ’улизување’. Сите „одат по јајца“. Живееме во генерација на пи*** – рече Иствуд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top