| четврток, 6 декември 2018 |

Верижна експлозија уништи над 400 возила на паркинг-простор во Португалија

­

koli

Паркинг-просторот на португалскиот музички фестивал под отворено небо, „Андансаш“, започна да личи на бојно поле откако шумски пожар уништи 422 автомобили, пренесува БТА. Полицијата потоа изврши увид на местото, а сѐ уште трае процената на штетите, коишто се очекува да бидат високи. Музичарот Педру Мештре изјави пред репортерите од ТВИ, дека возилата експлодирале едно по едно, како пуканки, додека стихијата беснеела на паркинг-просторот. Властите соопштуваат дека нема настрадани во пожарот. Тоа се должи на навремената евакуација на околу 4.000 лица присутни на фестивалот во округот Порталегри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top