Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, ја осуди надворешната политика на САД во времето додека Хилари Клинтон, неговата актуелна ривалка во претседателската трка, беше државна секретарка и наведе дека таа треба да биде призната за „основач на Исламска држава“.
Трамп изјави дека верува дека американскиот претседател Барак Обама зажалил што Хилари Клинтон ја избрал на таа функција.
Во обраќање на собир во градот Дејтона Бич, на Флорида, Трамп ја критикуваше и политиката на Хилари Клинтон кон Блискиот Исток бидејќи таа, како што тврди, доведе до создавање на Исламската држава.
– Тоа е поради неа. Треба да добие награда на Исламска држава како нивен основач – порача Трамп, а пренесоа американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.