Фудбалскиот сојуз на Турција отпушти 94 службеници, а се во склоп на репресивните мерки на претседателот Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот воен удар кој се случи во таа земја на 15 јули.
Ова не се први промени во „куќата на фудбалот“. Последните денови во јули е соопштено дека сите членови на тој Сојуз и комитетите поврзани со Сојузот даваат оставки за да помогнат во истрагата по воениот удар. Тогаш беше кажано дека националните првенство ќе почнат според предвидениот план. По оставките, следеа отказите.
Со ова продолжува низата на огромни промени во сите сфери на Турција каде што има отпуштања, но и апсења на сите оние кои се поврзани со движењето „Хизмет“, бидејќи се смета дека луѓето од тоа движење го организирале воениот удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.