Играта „Покемон гоу“ која стекна светска популарност всушност носи ризик за животот на луѓето.
Се покажа дека таа ги активира истите неврони во мозокот како дрогата, што може да доведе до зависност. Тоа го смета професорот Елан Баренхолц од Универзитетот на Флорида.
Според експертот игрите со виртуелната реалност создаваат „опасна патека“ . Ова создава опасност за луѓето да станат зависници од виртуелната реалност и да го отфрлат вистинскиот живот.
Баренхолц соопштува за луѓе кои ја напуштиле работата само да имаат време да ловат Покемони. Покрај тоа, секој ден има инциденти со луѓе кои се повредени, бидејќи не гледале каде одат.
Според експертот играта е исто како фокусите и илузиите – знаеш дека не се вистинити, но голем дел од мозокот ти ги прифаќа и им верува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.