Бугарка која живее во Шпанија вчера добила 67 998 532 евра и 81 центи на лотарија „Примитивa”, објави „А Бе Се”.
Среќната жена е наречена само како Г., и има 61 година.
Таа 16 години живее во селото Кинтанар дел Реј и речиси не зборува шпански.
Г. е мажена, има две деца и три внуци. Сите живеат во Кинтанар дел Реј.
Сумата е рекорд во историјата на лотаријата во провинцијата Куенка, област Кастилија-Ла Манча и е втората по големина во историјата на Шпанија – рекордните 101,7 милиони беа добиени во Барселона во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.