| четврток, 6 декември 2018 |

Нема гроб во Масачусетс за телото на Тамерлан Царнаев

Ниту едни гробишта во Масачусетс не дозволуваат да биде извршен погреб на посмртните останки на убиениот бомбаш од Бостон, Тамерлан Царнаев.

Директорот на погребална компанија во Бостон, Петер Стефан, за „Си-Ен-Ен“ рекол дека веќе неколку дена безуспешно се обидува да пронајде гробишта каде што ќе може да биде закопан.

– Мислам дека управите на гробиштата се плашат од освета од луѓето чии најблиски се закопани таму. Знам дека тоа е емоционален проблем, но тој мора да биде закопан. Кој и да е, ние во оваа земја ги закопуваме луѓето – вели директорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top