| четврток, 6 декември 2018 |

Помирување на повидок – Русија е подготвена за партнерство со НАТО

putin

Русија е подготвена да ги намали тензиите меѓу Москва и НАТО, соопшти Mинистерството за одбрана.

Руските медиуми известуваат дека земјата е подготвена за конструктиво партнерство со НАТО. Како што се наведува, руското Mинистерство за одбрана ги повикало војните експерти на Северноатланската алијанса во септември во Москва за да дискутираат за војната и политичката ситуација во Европа, порача министерот Анатолиј Антонов.

Русија е подготвена за конструктивен дијалог со НАТО и покрај разликите во пристапот кон последиците на одлуките донесени на самиотот во Варшава, рекол Антонов.

На тој самит, одржан во јули, истакнато е дека Москва е извор на нестабилност и поради тоа е зголемено војното присуство во близина на руските граници.

Последните месеци растат тензиите меѓу двете страни со непрекинати војни вежби и натрупување на вооружување од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top