| четврток, 6 декември 2018 |

АХВ: Нема забрана за извоз на термички третираните производи од месо во Русија

ahv

Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, како што посочуваат од АХВ, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на нус производи од говеда (кожа) која не е соодветно третирана. ­ Забраната за увоз, руските ветеринарни власти ја вовеле согласно стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ- се наведува во денешното соопштение од АХВ.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ќе останат во постојан контакт и комуникација со руските ветеринарни власти и ќе ја следат состојбата. ­ По смирувањето на болеста јазлеста кожа во Република Македонија Агенцијата за храна и ветеринарство официјално ќе побара од руските ветеринарни власти да извршат реевалувација на донесента одлука и да ја укинат воведената забрана за увоз од Република Македонија, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top