| четврток, 6 декември 2018 |

Еј Ноле, дали сакаш да се ожениш за мене?

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ за време на финалето на турнирот во Торонто против Кеи Нишикори доби „брачна понуда“.

Имено, непознат маж од трибината довикна: „Еј Ноле, дали сакаш да се ожениш за мене?

Секогаш подготвен, Ѓоковиќ не запре, туку „брачната понуда“ ја одби одмавнувајќи со главата и продолжи да игра.

Новак на крајот го совлада Нишикори и го освои Роџерс купот, по што ги замоли луѓето во публиката да ги прегрнат оние крај себе, ширејќи така љубовни вибрации.

Инаку, „брачната понуда“ доаѓа со задоцнување бидејќи Ѓоковиќ веќе е оженет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top