Тринаесетгодишно девојче се удавило во бањите кај Куманово. Настанот во СВР Куманово вчера во 15.45 часот го пријавила медицинска сестра од Итна медицинска помош.
Инцидентот се случил во Стара Бања, поточно пред базенот со лековита вода, каде било пронајдено непознато женско дете, кое било починато, соопшти денес МВР.
Од преземените мерки било констатирано дека се работи за тринаесетгодишно девојче од Куманово, кое се удавило во базенот во Стара Бања. Девојчето во 15.30 часот дошло со уште две другарки да се капе во базенот. Откако влегле девојчето скокнало во базенот и од присутните деца била забележана дека се дави и било изнесено надвор каде што децата му укажале прва помош по што повикале Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.