| четврток, 6 декември 2018 |

Блудниот владика Качавенда бил кодош на УДБА и не бил единствениот хомосексуалец во СПЦ

 Владиката Василије Качавенда работел како „доверлив соработник“ на Државната безбедност на Србија под името Пабло, пишува во тајното досие на Качавенда кое со години го воделе српските безбедносни служби, пишува „Блиц“.

Во денешното издание на весникот се изнесени детали од животот на блудниот владика, кој неодамна беше разрешен од должноста владика поради секс- скандал кој беше изнесен во јавноста откако беше објавено видео на кое се гледа како владиката се бакнува со момче.

Според податоците во досието, Качавенда работел како кодош на тајните домашни и странски служби повеќе од 50 години. Го врбувале со компромитирачки фотографии и материјали од неговиот хомосексуален живот. Бил регрутиран од тогашната тајна југословенска тајна служба во 60-тите години од минатиот век. За време на војната во Југославија за него биле заинтересирани одредени безбедносни служби од БиХ, но и дел од меѓународните полициски и мултинационални сили, особено американските, стационирани во Тузла.

Во Одделението за воени злосторства тој во 2010 година бил третиран како помагач на обвинетите за воени злосторства. Тој се води како „носител на хомосексуални активности во СПЦ“, а во досието се споменуваат и владиката Филерет и владиката Пахомије на кого веќе му е судено за сексуално злоставување на момче во Врање. Во досието се вели дека со сѐ поизразените хомосексуални сколности на владиците на СПЦ се придонело за сѐ потолерантен став на Грчката православна црква за ова прашање. Против Качавенда била поднесена кривична пријава за учество во убиство на ѓаконот Милич Блажановиќ, со кого наводно бил во сексуална врска, а кон крајот на минатата година обвинителството во Тузла најавило покренување постапка против владиката поради убиство на неговата сопруга во 1994 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top