Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ е едно од најновите засилувања во екипата на Манчестер Јунајтед, а за кратко време успеа да се наметне како вистински лидер во тимот од „Олд Трафорд“.
Во интервју по натпреварот со Галатасарај, на кој Златан постигна прекрасен гол со ножички, неговиот соиграч Андер Ерера откри што се случува во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ по неговото пристигнување.
– Ќе го следиме Ибра, бидејќи го имаме еден од најдобрите играчи во светот и во него имаме голем лидер во нашата соблекувална. Не бев изненаден кога постигна неверојатен гол, бидејќи го гледам веќе долго време – изјави Ерера.
Шпанецот исто така го спомена и младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд кој на полувремето влезе на местото на Ибрахимовиќ и успеа да ја искористи дадената шанса.
– Маркус Рашфорд може да научи многу од него. И не само Маркус, туку сите ние ќе учиме од Ибра. Ова е единствена можност за мене да учам од легенда како него и се надевам дека тоа ќе ми биде од корист – додаде Ерера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.