| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени девет командоси: Стигнале со хеликоптери и сакале да го убијат претседателот Ердоган

Турските специјални сили уапсиле девет командоси кои наводно го нападнале хотелот во кој бил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на обидот за воен удар.

Локалните медиуми јавуваат дека за време на пучот 25 војници од хеликоптерот се спуштиле во хотел во одморалиштетот Мармарис со помош на јажиња пукајќи со намера да го убијат или да го заробат Ердоган, но турскиот претседател успеал да побегне на време, бидејќи имал дојава дека е во опасност, јавува агенцијата „Ројтерс“.

Оттогаш турските специјалци се во потрага по командосите и тоа со помош на хеликоптери, дрново и бродови. Меѓу приведените е и мајор Сукру Сејмен кој наводно бил водач на собирот.

Двајца командоси уште се во бегство, јавува агенцијата „Анадолија“, додека тројца се приведени уште минатата недела.

„Анадолија“ наведува дека командосите се уапсени во провинците Мугла, по пријава на еден жител. Тогаш имало и оружен судир, но нема извештај за ранети или жртви.

По неуспешниот воен удар на 15 јули, Турција отпушти скоро 1.400 припадници на оружените сили.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top