Кејт Мос добила понуда за брак од значително помладиот пријател, грофот Николај фон Бизмарк, пишува „Сандеј мирор“.
Шпекулациите за свршувачка се раширија, откако на неодамнешна романтична вечера во Италија 29-годишниот светски лав клекнал пред 42-годишната манекенка и ја побарал со импресивен прстен.
Николај е фотограф и наследник на Железниот канцелар Ото фон Бизмарк. Романтичната сцена се случила во ресторан, чијшто сопственик Џовани Фракаси открива за весникот: „Тој избра посебен момент откако завршија со софистицираната вечера и кога сите веќе беа заминале, за да извика – Те сакам – на италијански. Беше многу романтично. Потоа тој клекна пред неа, ѝ покажа импресивен прстен и ѝ рече дека ѝ го дава за тогаш кога ќе биде разведена“.
Минатата година Кејт Мос се раздели со својот сопруг, музичарот Џејми Хинс, за кого се омажи во 2011 година. Двојката сѐ уште не е разведена, потсетува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст