| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете дека мобилните телефони ја уништуваат нашата кожа?

Секој пат кога зборувате или пребарувате нешто на мобилниот телефон, ја изложувате вашата кожа на ризик (дури и сега, ако овој текст го читате од вашиот мобилен телефон). Во светот во кој себефотографирањето е секојдневна појава, неизбежно е да ги користите телефоните неброено број пат на ден. Акни, брчки и темни дамки на кожата се само некои од негативните последици кои се случуваат поради константно користење на мобилните телефони.

Брчки

Проблем: Константното гледање во тастатурата ви штети повеќе отколку што може да замислите. Гледање надолу може да создаде брчки околу брадата и околу вратот. Гледањето во премногу ситните букви исто така може да создаде брчки околу очите!

Решение: Вратот и деколтетот се едно од првите места на кои ги забележуваме првите знаци на стареење. Затоа користете козметички производи за нега на тој дел од телото за да ги спречите знаците на стареење.

Кожни алергии:

Проблем: Следниот пат кога ќе забележите осип на кожата, земете предвид дека можеби вашиот мобилен телефон е виновен за тоа. Истражувањата покажале дека како хромот и железото од телефонските уреди може да предизвикаат реакција на можата која се вика алеегиски дерматитис.

Решение: Ако имате чувствителна кожа, ставете го мобилниот телефон во пластична футрола, а екранот покријте го проѕирна фолија за да ја спречите иритации на лицето и на прстите.

Акни

Проблем: Знаете дека вашиот телефон носи повеќе бактерии отколку рачката во тоалетот: Помислите на шминката и на потта која ја оставате на телефонот после секој разговор. Тоа предизвика појава на акни на лицето.

Решение: Инвестирајте во „хендс-фри“ додаток за мобилни телефони.

Темни дамки

Проблем: Преголемата топлина може да предизвика големи проблеми на кожата. Непотребната топлина го ремети производството на меланин и предизвикува темни дамки на кожата.

Решение: Ако сте стами, ставете го соговорник на разглас и уживајте во долгите разговори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top