| четврток, 6 декември 2018 |

Фолкерката во страв – човек ја следи и и праќа подароци

дара

Фолкерката Дара Бубамара во Црна Гора почнал да ја следи маж, кој на рецепција и остава писма, цвеќе и слатки и се поминало незабележано додека една вечер не се обидел да влезе во нејзината соба. Реагирало обезбедувањето на хотелот и сега секаде ја следат.

-Кога почнаа да стигнуваат подароци на рецепција, слатки, цвеќе и плишани играчки, Дара не реагирала. После неколку дена и пришол маж од 30 години и и рекол дека е нејзин фан кој и праќа подароци. Бубамара поразговарала со него и се одалечила. После тоа секојднвено го гледала во хотелскиот базен со фотоапарат, за да по неколку дена од него почнат да и пристигнуваат писма со нејзини фотографии кои ги направил додека се бањала. Тоа почнало да ја плаши, па обезбедувањето го замолило веќе да не ја фотографира – објаснил извор од хотелот.

дара2

А тогаш една вечер момчето се обидело да влезе во нејзината соба. Обезбедувањето реагирало и го исфрлило. Оттогаш обезбедувањето е постојано со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top