Аперсида Шунк, бабата на Берни Еклстон, киднапирана е минатиот петок, а преговорите со киднаперите се уште траат. Полицијата се сомнева дека грабнувањето го извршила банда од Европа.
Аперсида е киднапирана во Сан Паоло, во квартот Интегралос. Полицијата разговарала со сите комшии и малку кој во Интегралос знае дека Аперсида е всушност баба на сопственикот на Формула 1.Полицијата поради тоа верува дека грабнувањето е планирано со месеци.
Бразилските медиуми пишуваат дека идентитетот на киднаперите веројатно е познат на полицијата, но како се уште не се лоцирани, полицијата се уште се држи во тајност како не би го загрозила животот на Аперсида Шунк(67).
Автомобилот во кој се возеле киднаперите со бабата на Берни, пронајден е на 40 километри од куќата од која е грабната Аперсида, но ни трага од грабнатата.
-Форензичарите го прегледаа возилото, но од Шунк ни трага ни глас – соопштија од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Чудо од баба: Крева тегови подобро од внуците!