Српската тенисерка Ана Ивановиќ се подготвува за настапите на Олимпијадата во Рио, а по тренинзите, младата госпоѓа Швајнштајгер има време и сама да си подготви вечера.
Ана, која веднаш по медениот месец на Малдивите пристигна на Мајорка каде ги заврши последните подготовки пред Олимпијадата, го сподели на социјалните мрежи специјалитетот што сама го зготвила.
– ПО целодневен тренинг стигна и мојата награда. Домашна храна. Од денеска викајте ме Домаќинката Ана- напиша таа под фотографијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.