Организацијата Викиликс има на располагање уште „порции“ од електронските писма на соработниците на Националниот комитет на Демократската партија на САД.
Дел од оваа конверзација се однесува на претседателската кандидат на партијата Хилари Клинтон. Ова го соопшти во интервју за американската телевизија CNN креаторот на „сајтот за документи“ Џулијан Асанж.
-Располагаме со уште материјали поврзани со претседателската кампања на Клинтон- изјави Асанж, истакнувајќи дека станува збор за „вонредно интересни“документи.
Тој не сподели кога организацијата планира да го објавува овој архив. Асанж истакна дека електронските системи на Демократската, а и Републиканската партија во САД, се „дупчат како швајцарско сирење“, поради што сајбер напади врз нивните компјутери се извршени „во текот на последните неколку години“.
Асанж изјави уште еднаш дека Викиликс нема никаква врска со самиот напад, но повторно одби да го открие изворот на скандалозните документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките