| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотите на улица, бараат независност

nikola stardzen1Неколку илјади луѓе во Глазгов бараат втор референдум за независност на Ш+котска од Велика Британија по одлуката за наппуштање на ЕУ.

Во септември 2014 година со 55, 3 проценти гласаа за останување во Велика Британија, но стремежот кон независност на Шкотска повторно се разбуди по британскиот референдум за брегзит, кога 52 проценти од британците гласаа за излез од ЕУ додека 62 проценти од Шкотите гласаа за останување во Унијата.

Околу 4.000 демонстранти денеска минаа низ улиците на Глазгов носејќи шкотски знамиња. Премиерката Никола Старџон по британскиот референдум изјави дека прашањето за нов шкотски референдум повторно е на маса.

– Доколку земеме предвид дека нашите интереси не може да бидат заштитени во рамки на Обединетото кралство, независност на Шкотска би требало да биде една од опциите- објасни Старџон.

Но, последните анкети кои се објавени денеска покажуваат дека во случај на референдуим само 47 проценти би биле за независност, додека половина од анкетираните сметаат дека е подобро да се остане во Велика Британија, диру и вон ЕУ, отколку Шкотска да биде независна дури и во рамки на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top