Непознат сторител вчера околу пладне извршил кражба во стан во Скопје, на ул.„Борка Талевски“, сопственост на К.Е. (71).
Како што соопшти МВР, кражбата вила извршена во периодот од 11:15 до 12:45 часот кога сторителот со подесен клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 420.000 денари и накит.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.