| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Олимпиското село

Австралиските спортисти вчера биле на кратко евакуирани од Олимпиското село во Рио де Женеиро поради пожар.

Нема настрадани во огнената стихија, а спортистите се вратиле во зградата половина час подоцна, соопшти портпарол на австралиската делегација.

Инцидентот се случи една недела по тензиите во Олимпиското село, каде Австралија и неколку други одбори се пожалија од недовршените и валкани соби.

Олимпиското село официјално беше отворено на 24 јули, но тогаш австралиските спортисти одлучија да се сместат во блиски хотели поради големиот број пропусти во организацијата. Два дена подоцна во селото пристигнаа првите спортисти од олимписката делегација на Австралија, која брои 410 лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top