| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка и син повредени во сообраќајката кај Демир Капија

Две лица се повредени во сообраќајката која синоќа неколку часа го закочи сообраќајот кај Демир Капија и автопатот кон Гевгелија и грчката граница.

Како што денеска соопштува МВР, повредени се мајка и син од Турција, кои биле на привремена работа во Германија и преку Македонија патувале кон својата земја.

Повредените биле пренесени во велешката болница. Мајката имала повреди на главата, а синот бил со повеќе скршеници. Поради тежината на повредите, двајцата биле префрлени во Ургентниот центар.

Сообраќајот утрово се одвива по една коловозна лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top