| четврток, 6 декември 2018 |

Светски хит: Топ 5 производи со црна боја што морате да ги пробате

црно

Црната боја можеби не е онаа која ви паѓа на памет кога станува збор за храна, но најнов хит на социјалните мрежи е токму храната со црна боја. Еве пет намирници со црна боја кои вреди да се испробаат.

1. Црна тестенина

Производителите на тестенини, особено оние од Италија, обожаваат да го користат црнилото од сипа и да ја претвораат обичната тестенина во тестенина со црна боја. Црнилото од сипа е богато со глутамати, аминокиселини кои се заслужни за умами вкус, т.н. петти вкус кој го засилува доживувањето на храната. Освен за изработка на свежи и сушени тестенини, црнилото од сипа може да се користи и за приготвување на разни сосови.

2. Црна леќа

Црната леќа во текот на варењето го задржува својот облик и најчесто се користи за приготвување на супи и варива, но и како прилог.

3. Црни крекери

Нема да верувате, но за приготвување на црни крекери се користи јадлив прав од јаглен. Овие крекери имаат ист вкус како и оние со путер и кога би ги јаделе со затворени очи, никогаш не би погодиле дека станува збор за црни крекери.

4. Црна квиноја

Во текот на варењето, црната квиноја губи дел од својата драматична црна боја, но е сепак потемна од црвената квиноја. Има сладок вкус, а можете да ја додадете во салати, супи, прилози, колачи и леб.

5. Црн лук

Можеби на прв поглед не изгледа примамливо, но штом го пробате веднаш ќе го засакате. Црниот лук можете да го користите во приготвувањето на тестенини, супи и сосови или само да го исечете на тенки кришки и да го ставите на брускетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top