| четврток, 6 декември 2018 |

Младите кошаркари поразени од Бугарија

kosarkari u20Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз од Бугарија ги започна натпреварите на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.

По лошото прво полувреме во кое имаа негатива од дури 18 поени разлика црвено жолтите одиграа квалитетно единствено во третиот период и ја намалија негативата на осум поени разлика, а имаа и три можности да ја намалат и на помалку. Но, откако не ги искористија можностите следеше нов пад во играта што на крајот резулираше со пораз од конечни 69-88.

Во редовите на црвено-жолтите три играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Мамузиќ беше најефикасен со 22 поени, Ефреовски постигна 17, а Хот беше стрелец на 10 поени.

Следеден противник на нашите надежи се кошаркарите од Ирска против кои ќе играат утре во истиот термин од 18 часот и 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top