Еден од новите членови на Вардар во новата натпреварувачка сезона е Шпанецот Жоан Кањелјас кој доаѓа од екипата на Кил. Во Скопје треба да остане во следните три сезони.
Репрезентативецот на Шпанија, актуелниот европски вицепрвак веќе го одработи првиот тренинг со екипата, имаше можност да се запознае со своите нови соиграчи, со условите во салата, со градот.
– Мојот прв впечаток е многу добар. Овде сум веќе два дена. Во текот на вчерашниот ден бев во центарот на градот и мора да кажам дека последниот пат кога дојдов овде се беше поинаку. Сега скоро се е ново, атмосферата е многу убава и ме потсетува малку на Шпанија.
Кога потпишав за Вардар, јас дојдов тука за да победам, но исто така да живеам и да го поминам моето слободно време со моето семејство во овој убав град. Мислам дека го направив правилниот избор и многу сум среќен за тоа – вели Кањелјас.
Калјелас има искуство во играње во најдобрите европски лиги, во Шпанија и во Германија. Од 2013 година настапува во Бундеслигата, во екипите на Хамбург и Кил. Зад себе има настапи и во финалето на ЛШ, освојувач на Супер Глоуб, медали со репрезентацијата на Шпанија на СП и ЕП. Последниот успех му е сребрениот медал на ЕП 2016 година во Полска.
– Вчера бев тука во клупските простории, и кога потпишав бев и во арената на натпревар и морам да кажам дека е одлично место за работа, се што нам ни е потребно е тука. Тимот, видео собата, канцелариите и се останато што ни е потребно е тука и мислам дека е многу лесно на играчите да играат тука. Во изминатите сезони екипата на Вардар заврши одлична работа, но се надевам дека во наредната сезона ќе можеме да се искачиме едно скалило погоре – продолжи Кањелјас.
Игра на позиција лев и среден бек. Со екипите на Сиудад Реал и Атлетико Мадрид играше во финалето на ЛШ, и двапати го освојуваше и Супер Глоуб турнирот, неофицијалното светско екипно првенство. Останува желбата да се биде европски првак.
– Нашата цел, а и моја цел е да влеземе во Ф4, и мојот сон е да ја освоиме Лигата на Шампионите. Покрај ова секако ја имаме и СЕХА Газпром лигата и Македонското Првенство. Ќе видиме како ќе оди и мора да одиме чекор по чекор, но во овој момент сум многу среќен. Запознав дел од моите соиграчи и морам да признаам дека се многу пријатни и денес е првиот ден па сеуште ги немам запознаено сите. Среќен сум што сум тука и се надевам дека следните 3 години ќе бидат добри и се надевам дека ќе останам и после нив.
Во Вардар има тројца Шпанци кои веќе се „староседелци”. Сите веќе добро го владеат и македонскиот јазик. Колку време ќе ви биде потребно да го научите Вие.
– Мислам дека Македа и не зборува толку добро македонски. Се надевам дека ќе зборувам барем малку македонски пред Божиќ, но се надевам дека до крајот на сезоната ќе можам да направам нормално интервју без никаков проблем.Веќе почнав да учам некои зборови, но во овој момент ќе зборувам само англиски. Една од моите цели е исто така да научам и македонски. Мислам дека е многу важно кога си во нова земја да го збориш мајчиниот јазик на истата држава, па веќе зборував со Раул и Давид и ми кажаа дека нивниот професор бил многу добар и ќе бидам во контакт со него или неа зошто сеуште не знам дали е машко или женско и со нетрпение чекам да започнам за зборувам македонски – заврши средниот бек во интервјуто за официјалниот сајт на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија