| четврток, 6 декември 2018 |

Скопското панорамско тркало во завршна фаза

Реализацијата на еден од крупните проекти на Градот Скопје, Панорамското тркало влегува во завршна фаза, јавува Фактор. Од Градот за Фактор велат дека во моментов интензивно  се работи на изведбеното решение на овој проект.

Градските власти во септември лани го потпишаа договорот за изработка на основен проект за Панорамското тркало со придружни објекти и мост, со австриската компанија „a2 Hotelconcept GmbH“, во висина околу половина милион евра, пари планирани во годинешниот градски буџет толму за оваа намена.

Засега сеуште нема проценка колку ќе чини вкупната инвестиција, тоа ќе се знае по изборот на изведувачот.

Според проектот Панорамското тркало со придружни елементи ќе биде високо 60 метри, а ќе се гради на мост на реката Вардар во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. Идејното решение предвидува целосно уредување на простор, кафе-бар, историски вагони од кој посетителите ќе имаат поглед на целиот на градот од 60 метри, поточно комплетниот изглед на тркалото како што тогаш објасни австриската компанија на својата интернет страница е инспириран од историските симболи за Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top