| четврток, 6 декември 2018 |

Захов: Имавме среќа што не примивме гол, а потоа максимално ја искористивме шансата

Екипата на тетовска Шкендија синоќа на арената „Филип Втори“ во Скопје успеа да слави победа од 2-0 во рамките од третото коло во квалификациите за ЛЕ против чешката екипа Млада Болеслав.

skendija

Еден од најзаслужните за успесите на „црвено-црните“ на европска сцена ова лето е голманот Костадин Захов, кој е вистински столб во одбраната и голем мотиварот на екипата.

Голманот на Шкендија истакна дека неговиот тим среќно не примил гол на овој натпревар, и доколку прикажат идентична игра како на синоќешниот натпревар, големи се шансите за успех на неговиот тим.

– Се соочивме со квалитетен противник, и тоа се виде во текот на целиот натпревар. Чесите имаа многу иницијатива, и имавме среќа што не примивме гол во првото полувреме. Овој резултат е позитивен за нас во пресрет на реваншот, но во Чешка ќе мора да бидеме претпазливи затоа што во фудбалот сѐ може да се случи. Доколку одиграме натпревар како синоќешното второ полувреме, тогаш верувам дека сигурно ќе продолжиме и во следната фаза од Лигата на Европа – вели Захов.

Шкендија реваншот со Млада Болеслав го игра за седум дена во Чешка. Факт е дека ги очекува тежок натпревар, но од таборот потврдија дека можат да стигнат и до четвртото, последно, квалификациско коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top