| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Телеска: Сѐ по­ве­ќе па­ци­ен­ти ја при­ме­ну­ва­ат аку­пун­кту­ра­та како ре­ла­кса­ци­ја

Де­нес жи­во­тот е по­ди­на­ми­чен. Ус­пех ни е ко­га па­ци­ен­тот ќе зас­пие до­де­ка ја из­ве­ду­ва­ме аку­пун­кту­ра­та. Тоа е знак де­ка сме по­стиг­на­ле ре­ла­кса­ци­ја и от­пу­шта­ње за па­ци­ен­тот, ве­ли д-р Та­ле­ска

Аку­пун­кту­ра­та е тра­ди­ци­о­нал­на ки­не­ска ме­ди­ци­на, ко­ја се изу­чу­ва пет го­ди­ни на ко­леџ во Ки­на. За да се ста­не спе­ци­ја­лист по аку­пун­кту­ра, по­треб­но е пет го­ди­ни усо­вр­шу­ва­ње на ко­леџ во Ки­на, а по­тоа со искус­тво­то да се над­гра­ду­ва зна­е­ње­то.

– Чо­веч­ко­то те­ло има око­лу 360 аку­пун­ктур­ни точ­ки од кои до­вол­но е ба­рем 280 да се зна­ат за да мо­же со­лид­но да се тре­ти­ра па­ци­ен­тот и да се по­стиг­не ус­пех – ве­ли д-р Со­ња Та­ле­ска, спе­ци­ја­лист по фи­зи­кал­на ме­ди­ци­на и ре­ха­би­ли­та­ци­ја во „Ме­ри­ди­јан ме­ди­кал“, ко­ја пред де­сет го­ди­ни би­ла во Ки­на ка­де што ги уче­ла тај­ни­те на аку­пун­кту­ра­та, ко­ја де­нес ја при­ме­ну­ва.

Што е аку­пун­кту­ра и ка­ко се из­ве­ду­ва?

ТАЛЕСКА: Аку­пун­кту­ра­та е дре­вен ки­не­ски ме­тод стар пет ил­ја­ди го­ди­ни, кој на­ста­нал со со­би­ра­ње искус­тва од са­ми­те лу­ѓе што ја при­ме­ну­ва­ле. Тие за­бе­ле­жа­ле де­ка при­ти­скај­ќи на одре­ден дел од те­ло­то по не­кое вре­ме има­ле зна­чи­тел­но по­до­бру­ва­ње во не­ко­ја здрав­стве­на со­стој­ба и ги за­бе­ле­жу­ва­ле тие точ­ки и та­ка се гра­де­ло искус­тво­то за ле­ку­ва­ње со аку­пун­кту­ра. Са­ми­от збор „аку­пун­кту­ра“ до­а­ѓа од два збо­ра „аку“ што зна­чи врв и „по­интс“ што зна­чи точ­ка. Тоа зна­чи де­ка со вр­вот од иг­ла­та се оди во ед­на опре­де­ле­на точ­ка. Низ исто­ри­ја­та, аку­пун­кту­ра­та на по­че­то­кот се вр­ше­ла со при­ти­сок на одре­де­ни де­ло­ви од те­ло­то, од­нос­но точ­ки, со ка­мен. По­на­та­му, ка­ко што се раз­ви­ва­ло оп­штес­тво­то дош­ло ме­тал­на­та до­ба, па таа се вр­ше­ла со ба­кар­ни, же­лез­ни, остри пред­ме­ти или, пак, се при­ти­ска­ло со бам­бу­со­ви тр­ски, та­ка што на­чи­нот на из­ве­ду­ва­ње ево­лу­и­рал. Де­нес таа се из­ве­ду­ва на тој на­чин што со вр­вот од иг­ла­та се вле­гу­ва во аку­пун­ктур­на­та точ­ка. Тоа се пра­ви со спе­ци­јал­ни иг­ли, кои се изра­бо­ту­ва­ат од спе­ци­ја­лен че­лик, а има и сре­бре­ни и злат­ни иг­ли, за по­лу­ксуз­но из­ве­ду­ва­ње на аку­пун­кту­ра­та. Де­нес нај­че­сто се ра­бо­ти со иг­ли од спе­ци­ја­лен че­лик што мо­же да би­дат за ед­на упо­тре­ба или, пак, да се сте­ри­ли­зи­ра­ат. Ка­ра­кте­ри­стич­но за аку­пун­ктур­ни­те иг­ли е што тие се по­тен­ки од чо­веч­ко­то влак­но. Вр­вот е мно­гу остар, има­ат врат и има­ат крај што е мал­ку по­де­бел, на­ви­ткан и има ед­но топ­че. За не­го се др­жи иг­ла­та за да се на­со­чи во аку­пун­ктур­на­та точ­ка. Ме­ѓу­тоа, тех­ни­ка­та на боц­ка­ње­то, под кој агол и ко­ја иг­ла (има раз­лич­ни дол­жи­ни на иг­ли­те, по­сто­јат по­кра­тки, сред­ни и по­дол­ги) за­ви­си од аку­пун­кту­ри­стот и од бо­ле­ста што ја тре­ти­ра за да по­стиг­не одре­ден ефект.

Што мо­же ре­ла­тив­но ус­пеш­но да се тре­ти­ра со аку­пун­кту­ра?

ТAЛЕСКА: Во тра­ди­ци­о­нал­на­та ки­не­ска ме­ди­ци­на не­ма ди­јаг­но­зи ка­ко бо­ле­сти. Та­му чо­ве­кот се сме­та за ед­но це­ло со при­ро­да­та. Си­те про­ме­ни што се ја­ву­ва­ат на чо­веч­ко­то те­ло се по­вр­за­ни со про­ме­ни­те во при­ро­да­та. Кај нив се тре­ти­ра­ат со­стој­би, симп­то­ми и син­дро­ми. На­ша­та пред­ност ка­ко ле­ка­ри е што ги зна­е­ме си­те ме­ха­низ­ми на со­вре­ме­на­та ме­ди­ци­на и мо­же да на­пра­ви­ме ед­на сим­би­о­за на за­пад­на­та и на тра­ди­ци­о­нал­на­та ки­не­ска ме­ди­ци­на. Со аку­пун­кту­ра се тре­ти­ра­ат си­те со­стој­би на бол­ка ка­ко што се лум­ба­го, иши­јал­ги­ја, спон­ди­ло­за, ско­ли­о­за, не­врал­гии, гла­во­бол­ки, фа­ци­ја­лис на ли­це­то, ми­јал­гии, ми­гре­на, мен­стру­ал­ни бол­ки, вос­па­ле­ние на му­ску­ли­те, бол­ки кај раз­ни рев­мат­ски за­бо­лу­ва­ња, има го­лем ефект кај авто­и­му­ни­те за­бо­лу­ва­ња. По­ма­га при спорт­ски по­вре­ди – при ис­чан­чу­ва­ње, дис­ло­ка­ци­ја на згло­бо­ви, фра­кту­ри… До де­нес спор­ти­сти­те и ба­ле­ри­ни­те во Ки­на се ле­ку­ва­ат со аку­пун­кту­ра.

Кои бо­ле­сти или па­ци­ен­ти не мо­же да се ле­ку­ва­ат со аку­пун­кту­ра?

ТАЛЕСКА: Ап­со­лут­но не­ма кон­тра­ин­ди­ка­ци­ја за упо­тре­ба на аку­пун­кту­ра ако тоа го из­вр­шу­ва струч­но ли­це. Тре­ба да се вни­ма­ва кај лу­ѓе со на­ру­ше­на вен­ска цир­ку­ла­ци­ја, од­нос­но па­ци­ен­ти со тром­бо­за би­деј­ќи со иг­ла­та мо­же да се по­го­ди не­кој кр­вен сад и да се слу­чи кр­ва­ве­ње или хе­ма­том. Исто и за па­ци­ен­ти со наг­ла­сен ка­пи­ла­рен цр­теж. Кај нив, иа­ко е по­треб­но да се пра­ви аку­пун­кту­ра тре­ба ве­што да се из­бег­ну­ва­ат тие по­врш­ни ка­пи­ла­ри са­мо од при­чи­на де­ка мо­же да на­ста­не не­ко­ја мо­дрин­ка или хе­ма­том. По­сто­јат одре­де­ни точ­ки кај бре­ме­ни же­ни што не сме­ат да тре­ти­ра­ат би­деј­ќи мо­же да се за­гу­би пло­дот, но, оп­што, бре­ме­ни же­ни мо­же да одат на аку­пун­кту­ра.

02 (Custom)

Д-р Талеска: По­сто­јат одре­де­ни точ­ки кај бре­ме­ни же­ни што не сме­ат да тре­ти­ра­ат би­деј­ќи мо­же да се за­гу­би пло­дот, но, оп­што, бре­ме­ни же­ни мо­же да одат на аку­пун­кту­ра

Да­ли со аку­пун­кту­ра се ле­ку­ва­ат бо­ле­сти на за­вис­ност?

ТАЛЕСКА: Се ле­ку­ва за­вис­ност од ци­га­ри, од ал­ко­хол и, во по­но­во вре­ме, за­вис­ност од хра­на. Тоа се пра­ви на тој на­чин што се сти­му­ли­ра­ат одре­де­ни точ­ки, кои вли­ја­ат на за­бр­зу­ва­ње на ме­та­бо­лиз­мот, а на на­ма­лу­ва­ње на жел­ба­та за хра­на, пу­ше­ње или за дру­га за­вис­ност. Од ед­на стра­на, се ели­ми­ни­ра­ат тие то­ксич­ни ма­те­рии, а од дру­га стра­на се по­до­бру­ва це­ла­та со­стој­ба на ор­га­низ­мот. Исто та­ка, се при­ме­ну­ва и за стрес­ни со­стој­би. Де­нес жи­во­тот е по­ди­на­ми­чен и сѐ по­ве­ќе има­ме па­ци­ен­ти што ја при­ме­ну­ва­ат аку­пун­кту­ра­та во смис­ла на ре­ла­кса­ци­ја, от­пу­шта­ње, ка­ко еден вид ме­ди­та­ци­ја. Ус­пех ни е ко­га па­ци­ен­тот ќе зас­пие до­де­ка ја из­ве­ду­ва­ме аку­пун­кту­ра­та. Тоа е знак де­ка сме по­стиг­на­ле ре­ла­кса­ци­ја и от­пу­шта­ње за па­ци­ен­тот.

Да­ли ма­ке­дон­ски­те па­ци­ен­ти сѐ по­ве­ќе ѝ ве­ру­ва­ат на оваа древ­на ки­не­ска ве­шти­на?

ТАЛЕСКА: Пред де­сет го­ди­ни, со по­мош на ки­не­ска­та ам­ба­са­да во Ма­ке­до­ни­ја гру­па ле­ка­ри, ме­ѓу кои и јас, имав­ме мож­ност да оди­ме во Ки­на и из­вор­но да ги на­у­чи­ме ме­то­ди­те на аку­пун­кту­ра. Ко­га се вра­тив­ме, дел од нив поч­наа мно­гу ус­пеш­но и струч­но да ја ра­бо­тат аку­пун­кту­ра­та. За жал, дел од нив ве­ќе се пен­зи­о­не­ри, дел ве­ќе не ра­бо­тат. Јас бев во Цен­трал­на Ки­на, во про­вин­ци­ја­та Шанг Си, ка­де што со 42 ле­ка­ри од цел свет ги учев­ме тај­ни­те на тра­ди­ци­о­нал­на­та ки­не­ска ме­ди­ци­на. Имав­ме ча­со­ви по те­о­ри­ја, а пра­ктич­ни­от дел го веж­бав­ме во бол­ни­ци ка­де што па­ци­ен­ти­те се ле­ку­ва­ат са­мо со аку­пун­кту­ра. Ки­не­зи­те, по­крај аку­пун­кту­ра­та ко­ри­стат мно­гу ле­ко­ви­ти бил­ки ка­ко до­пол­ни­тел­но зго­ле­му­ва­ње на ефе­ктот од аку­пун­кту­ра­та. Та­му учев­ме и ед­на тех­ни­ка, ма­ла хи­рур­ги­ја – со по­мош на спе­ци­јал­ни аку­пун­ктур­ни иг­ли се вр­шеа ма­ли хи­рур­шки ре­зо­ви на одре­де­ни ме­ста во кои се ап­ли­ци­ра­ше лек, кои да­ваа мно­гу по­ин­тен­зи­вен ефект од аку­пун­кту­ра­та. Оваа древ­на ве­шти­на тре­ба да се учи из­вор­но, од ме­сто­то од ка­де што по­тек­ну­ва. Аку­пун­кту­ра­та е го­ле­ма на­у­ка, ко­ја пр­во те­о­рет­ски мо­ра да се сов­ла­да, а по­тоа и пра­ктич­но за да се из­ве­ду­ва пра­вил­но. Не се учи со курс од де­сет де­на. Ма­ке­дон­ски­те па­ци­ен­ти што од по­ра­но слуш­на­ле за аку­пун­кту­ра­та и ве­ру­ва­ат во неа ба­ра­ат до­бар аку­пун­кту­рист, кој ќе ја спро­ве­де би­деј­ќи ви­де­ле по­до­бру­ва­ње од трет­ма­ни­те со оваа ве­шти­на. Во за­пад­ни­от свет лу­ѓе­то теж­не­ат кон при­ро­ден на­чин на ле­ку­ва­ње. Ми­гра­ци­ја­та на мла­ди­те лу­ѓе во странс­тво и тие се по­ве­ќе осоз­на­ва­ат и из­бег­ну­ва­ат ле­ку­ва­ње со хе­ми­ја и са­ка­ат да го сти­му­ли­ра­ат те­ло­то са­мо да се из­бо­ри со на­ста­на­та­та со­стој­ба. Не­кој што ед­наш се ле­ку­вал или ја про­бал аку­пун­кту­ра­та тој се­ко­гаш ќе се вра­ти на неа за­тоа што и бе­не­фи­тот е мно­гу го­лем.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top